Профил на компанијата

ИНФЕЛ-КТВ е компанија која се занимава со проектирање, инжeнеринг и изведување на дејности во областа на телекомуникациите. Благодарение на високостручниот тим вработен во компанијата, со право можеме да кажеме дека Инфел е првата фирма во историјата на Македонија која изготви проектна документација од ваков тип - HFC мрежи.

Денес ИНФЕЛ-КТВ располага со сопствена оптичко-коаксијална дистрибутивна мрежа на подрачјето на Охрид и следните населени места: Лескоец, Велгошти, Св. Стефан, Исток, Коњско, Лагадин и Пештани.

Тимот за техничка поддршка постојано се грижи за задоволстовото на нашите корисници. Брзо и лесно ги отстрануваме сите проблеми. Без долготрајни чекања за услуга.
Нашиот технички стручен тим е целосно посветен во одржување и развој на нашата мрежа. Стабилноста и квалитетот на услугите се нашите главни адути.

Оптички кабел до домот е нашиот следен чекор.
Постојано се стремиме кон надоградба со имплементација на нови технологии. Користиме само софистицирана опрема од следниве брендови: Cisco, HP, Motorola, MikroTIK и WISI.

Во чекор сме со светскиот тренд на зголемување на брзината на широкопојасниот интернет, зголемување на бројот на дигитални телевизиски канали и намалување на цената на телекомуникациските услуги.